Македонија

И утрово густа магла и намалена видливост на патиштата низ Македонија, на границите нема метеж!

И утрово густа магла и намалена видливост на патиштата низ Македонија, на границите нема метеж!

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Поради појава на магла, намалена видливост има на следниве патни правци:

Битола – Прилеп  50 – 100 метри

Охрид – Струга  50 – 100 метри

Скопје – Куманово 50 – 100 метри

Скопје – Велес  50 – 100 метри

Велес – Катланово 50 – 100 метри

Кочани – Штип 50 – 100 метри

Тетово – Групчин  50 метри

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни