Македонија

Ибрахими: Идејата за премиер Албанец е флоскула и тоа нема да се оствари

„Идејата за Албанец премиер е една флоскула или како што реков една неокомунистичка идеја, како што ние повозрасните го видовме тоа во комунизмот. Имавме претседатл на Федеративна Југославија Г-динот Синан Хасани и истата ролја или истиот атрибут сега ќе го има и оваа идеја. Идеја која нема да се оствари. Многу просто е, фундаментално. Али дојде во 2001 година со идејата на ослободување на Албанците и тој сиве овие 19 години вели дека Албанците ги ослободил и по 19 години да ни рече дека Албанец премиер ќе ја комплетира слободата на Албанците е анахроно и нема  кохезија внатре идејата на слободата. Слободата на Албанците значи добробит, слободата на Албанците значи 300 илјади млади, тука да останат, а не да бегаат. Слободата на Албанците значи затворите да не се полни со Албанци. Слободата на Албанците значи да не бидат убиени стотици Албанци кои се убиени за овие 19 години и овој премиер Албанец кој има име, кој може да го предлложат две политички партии“, вели во дебатата Орхан Ибрахими од ДПА.

Во изборната дебата на ТВ21 вечерва дебатираат дел од носителите на листи од Изборната единица 2.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни