Идентификувани 55 од 67 жртви на воздушната несреќа во Вашингтон

Педесет и пет од вкупно 67 загинати во воздушната несреќа над реката Потомак во Вашингтон, во која учествуваа патнички авион на American Airlines и воен хеликоптер, се идентификувани, соопшти денеска началникот на противпожарната служба, Џон Донели.

Тим од воен персонал утре ќе започне со операцијата за отстранување на остатоците од двата летала. Пронајдените делови ќе бидат транспортирани во хангар на националниот аеродром Роналд Реган Вашингтон за понатамошна истрага.

Во меѓувреме, семејствата на жртвите од оваа најголема воздушна катастрофа во САД од 2001 година досега, денеска го посетија местото на несреќата. Десетици луѓе пристигнаа со автобуси и, под полициска придружба, беа спроведени до брегот на реката Потомак, во близина на локацијата на трагедијата.

Во патничкиот авион се наоѓале вкупно 64 лица, вклучувајќи патници и членови на екипажот, додека во воениот хеликоптер Black Hawk биле тројца воени лица. Меѓу патниците во авионот имало и група уметнички лизгачи, кои се враќале од првенството на САД во Вичита, Канзас.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното