Да било поинаку, денес никој не би знаел за Викторија Бекам, а проблемот бил „вишокот“ талент на една несудена „спајсица“.
Мелани Браун, Мелани Чизом, Ема Батон, Гери Халивел и Викторија Бекам го сочинуваа најпопуларниот женски бенд на сите времиња – Спајс Грлс. Меѓутоа, малку е познато дека за малку местото на Викторија ќе го заземела уште една Мелани…
Да било поинаку, денес никој не би знаел за Викторија Бекам, а проблемот бил „вишокот“ талент на една несудена „спајсица“. Станува збор за Мелани Коломи, која меѓу повеќето стотици кандидатки на аудицијата била одбрана за членка на групата Спајс Грлс.
Неколку недели подоцна, менаџментот ја повикал и ја известил дека дошло до промена на планот и дека на нејзиното место ќе дојде младата пејачка Викторија Адамс – истата онаа која денес ја знаеме како Викторија Бекам, сопственичка на сè поуспешната модна империја и сопруга на легендарниот фудбалер Дејвид Бекам.
Причината поради која Мелани била заменета со Викторија е крајно бизарна: ѝ било кажано дека пее премногу добро, па поради тоа би можела да ги засени останатите членки на бендот.
Таа за британски „Mirror” рекла дека сè до 1996 година – две години подоцна – не ни сфаќала каква шанса ѝ избегала од раце.
„Мислев дека од тоа нема ништо, бидејќи поминаа две години и не слушнав ништо за нив. А, потоа, ги видов на телевизија. Тоа беше групата чија членка за малку ќе бев јас…“, открила Мелани.
Колома денес има 41 година и работи во британската национална служба за здравствена заштита. Сè уште се занимава со пеење – настапува со бендот The Decanters на венчавки и крузери.
Секако, сè уште жали за пропуштената шанса.
„Во некој друг живот јас би била Викторија Бекам, би се омажила за фудбалер, би облекувала скапа облека и би го пропатувала целиот свет. Немав поим колку малку недостасувало за да бидам во најпопуларниот женски бенд на сите времиња. Наместо тоа, работам во јавна администрација за здравствена заштита. Со тек на време сфатив дека треба да го прифатам фактот дека нив ги одбраа поради изгледот, а не поради гласот“, заклучува Мелани.





