Свет

ИКЕА ќе плати 6 милиони евра на Германија за принудна работа на затвореници во 70-тите и 80-тите

ИКЕА ќе плати 6 милиони евра на Германија за принудна работа на затвореници во 70-тите и 80-тите

Компанијата за производство на мебел и производи за домаќинството, ИКЕА, се согласи да уплати шест милиони евра (или 6,5 милиони долари) во владин фонд за компензација на жртвите на принудна работа во комунистичката диктатура во Германија. По овој потег, активистите се надеваат дека и другите компании ќе следат сличен пример, пренесува СНН денес.

Оваа информација првпат беше објавена во шведските и германските медиуми пред повеќе од една деценија, што ја поттикна оваа компанија да започне независна истрага.

Истрагата спроведена од ревизори од Ернст и Јанг утврди дека затворениците произведувале мебел за компанијата ИКЕА во 1970-тите и 1980-тите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни