Независната кандидатка за градоначалник на Битола, Габриела Илиевска, по завршувањето на првиот изборен круг се обрати преку социјалните мрежи, нагласувајќи дека и покрај личната и граѓанска храброст, политичките партии и понатаму имаат силна предност во изборните процеси.
„Тргнав сама против сите и се покажа дека партијата е тешко да се победи“, напиша Илиевска.
Таа додаде дека граѓанската иницијатива „Поинаку“, чиј кандидат беше, е вистинскиот победник на овие избори, бидејќи покажала дека независните и граѓанските движења добиваат сè поголема поддршка во локалната политика.
Илиевска, која е препознатлива по својата транспарентност и критички став кон власта, ја водеше кампањата под мотото за поинакво, одговорно и чесно управување со општината.