Собранието на Албанија денеска го прифати предлогот на владејачките социјалисти со двотретинско мнозинство и го разреши од должноста претседателот на државата Илир Мета. Партијата на премиерот Еди Рама предложи тој да се смени откако Мета го поништи указот за распишување на локалните избори за 30 јуни.За да стане конечна, одлуката на албанскиот парламент мора да биде потврдена од Уставниот суд, но тој во моментов не функционира бидејќи повеќето судии се разрешени, објави Ал џезира.
The post Илир Мета разрешен од функцијата appeared first on ТВ21.