Со двотретинско мнозиство, односно со 80 гласа „ЗА“, Собранието на Република Македонија вечерва ја донесе одлуката за пристапување кон измена на Уставот.
„Од изброените гласови и поединечно се потврдува претходното гласање, односно 80 „за“, 39 “против“. Констатирам дека ја донесе одлуката за измени на Уставот на Република Македонија“, рече Џафери.
Измените на Уставот се однесуваат на прифаќање на договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција, со кој се менува името во Република Северна Македонија, а според Власта со тоа се отвора патот кон членството во НАТО и ЕУ. Опозицијата го оспоруваше овој договор.
Извор:ТВ21
