Индиски ровер испрати нова информација од Месечината: „Ова порано не беше можно да се знае“

Индија стана првата земја која успешно слета вселенско летало на неистражениот јужен пол на Месечината, само неколку дена откако руско летало се урна на истата област.

Истовремено, Индија е првата азиска земја која испрати вселенско летало во орбитата на Марс во 2014 година, а во септември планираат да испратат сонда до Сонцето.

Откако нивниот лунарен ровер утврди дека температурата на јужниот пол на Месечината е 70 Целзиусови степени и откако пристигнаа првите фотографии и видеа, сега нивната вселенска агенција потврди присуство на сулфур.

„Инструментот за ласерско индуцирана плазма спектроскопија (LIBS) на роверот Chandrayaan-3 ги спроведе првите in situ (на непроменета позиција) мерења на хемискиот состав на површината на Месечината во близина на Јужниот пол во историјата“, се вели во соопштението.

Спектрографската анализа го потврди и присуството на алуминиум, калциум, железо, хром и титаниум на површината на Месечината, додава ИСРО, а дополнителните мерења покажаа присуство на манган, силициум и кислород.

Индија полека ги достигнува достигнувањата на другите вселенски програми, но по многу пониска цена.