Индонезија: Танкер за нафта се запали, 10 лица загинаа

Најмалку 10 лица загинаа, а 18 беа повредени, од кои некои сериозно, кога танкер за нафта се запали рано утрово додека беше на ремонт во индонезиската покраина Риау, соопшти локалната полиција.

Пожарот избувнал на бродот „MT Federal II“ околу 4:00 часот наутро по локално време во бродоградилиштето во градот Батам, изјави локалниот началник на полицијата Заенал Арифин, според Ројтерс.

„MT Federal II“ бил закотвен и на ремонт кога се запалил, рече Арифин, додавајќи дека причината се истражува.