Научниците одамна се обидуваат да откријат дали постои поврзаност меѓу јадењето одредена храна и заболувањето од некој вид на кацер, а сега за прв пат дојдоа до одредени сознанија.
Научното истражување спроведено во Франција врз 105.000 луѓе поокажа дека има врска меѓу јадењето индустриски преработена храна и готови јадења и зголемениот ризик од рак.
Во истражувањето спроведено од 2009 до 2017 година, научниците утврдија дека индустриски преработената храна содржи повеќе маснотии, заситени масти, шеќер и сол, а помалку влакна и витамини.
„Според нашите сознанија, ова е прво научно истражување што ја проучуваше поврзаноста меѓу конзумирањето индутриски преработена храна и појавата на рак“, стои во извештајот објавен во британското научно списание British Medical Journal.
Научниците заклучија дека конзумирањето ваква храна е поврзано со зголемен ризик од заболување од рак за 6 до 18 %, а кај ракот на дојка таа бројка изнесува 2 до 22%.
По „ризична“ храна се вбројува пакуван леб, слатки и кондиторски производи, житарки, безалкохолни пијалаци, преработки од месо, инстант супи и замрзнати готови оброци.
Во ивештајот се додава дека ова се први испитувања и дека е неопходно да се направат уште истражувања за да се утврдат точните ризици по здравјето.