Инспекторите го замолија Заев да не го разрешува Пауновски, попладне ќе биде познато дали добива отказ

Заврши средбата меѓу пазарните инспектори и премиерот Зоран Заев во владата, но изјави за тоа што се дискутирало и каков тон заземал првиот човек на владата во поглед на разрешувањето на Пауновски, нема. Откако ги сослушал инспекторите, тие не даваат изјави за медиумите. Над сто инспектори од пазарниот инспекторат се потпишаа на петиција што денеска му ја врачија на премиерот, во која бараат да не го разрешува нивниот директор Стојко Пауновски, затоа што се задоволни од неговиот раководителски капацитет и зашто за три години ја унапредил службата и кадровски и со ресурси.

Меѓутоа, денеска попладне ќе биде познат ставот на владата бидејќи на владина седница како точка на дневен ред е разрешувањето на Пауновски, за непочитување на владина одлука и за непочитување на етичкиот кодекс.

Премиерот Заев рече дека е недозволено да се пркоси и да не се спроведува владина одлука за прераспределба на 35 кадри од Министерството за односи меѓу заедниците. Од ова министерство, со владина одлука требаше да се прераспределат 35 административци, за кои што Пауновски одбива да ги прими, затоа што како што вели, тие не се квалификувани, а инспекторатот кубури со инспектори за источна Македонија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното