Раководителот на Инспекциски надзор- одделение Скопје, Мери Проја Продановска, вечерва одржа прес-конференција на која истакна дека инспекторите биле спречени да влезат во еден локал и да извршат увид, а потоа било утврдено дека во локалот имало гости, меѓу кои и претседател на политичка партија.
„Инспекторите биле спречени да вршат увид, а од вработените им било кажано дека угостителскиот објект е од затворен тип, и немало гости внатре. Колегите породолжија со инспекција на други локали, и по 2,5 часа се вратија кај истиот, каде што имаше уште една молба да им се отвори објектот. Успеавме да влеземе во објектот по 2,5 часа, а претходно излегоа луѓе, а од инспекторите еден беше препознаен како претседател на една политичка партија“, рече Проја Продановска која напомена дека угостителскиот објект ќе добие кривична пријава.
.