Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша е исклучен

Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша, кој беше еден од најследените на Балканот, е исклучен.

Имено, Јелена Карлеуша со години го гради овој профил на кој ја следеле околу 2 милиони и 400 илјади луѓе, а сега пејачката остана без него.

Пејачката често го користеше овој профил за да комуницира со фановите, споделувајќи ексклузивни фотографии, модни изданија и ставови за актуелните општествени проблеми.

Нејзините следбеници сега се збунети и се обидуваат да ги откријат причините за исчезнувањето на нејзиниот профил, а Карлеуша сè уште не зборувала за ситуацијата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното