Инстаграм воведува голема промена, еве за што се работи

Инстаграм најави голема промена. Имено, компанијата објави дека голотијата во пораките ќе биде заматена со цел да се заштитат тинејџерите. Тоа е дел од кампањата за борба против сексуалната измама и злоупотреба на слики.

Сексуалната изнуда вклучува убедување лице да објавува експлицитни фотографии на интернет, проследено со закани дека ќе ги објави сликите освен ако жртвата не плати пари или не обезбеди сексуални услуги.

Инстаграм соопшти дека измамниците често бараат голи фотографии преку пораки, а за да се изборат со тоа, најавија дека наскоро ќе почнат да тестираат функција која ги замаглува сите фотографии од голотија, пишува Гардијан.

„Оваа функција е дизајнирана не само за да ги спречи корисниците да гледаат несакана голотија во нивните пораки, туку и да ги заштити корисниците од измамници“, соопшти Инстаграм.

Функцијата стандардно ќе биде вклучена на глобално ниво за тинејџери под 18 години. Возрасните корисници ќе добијат известување кое ги поттикнува да го активираат. Сликите со голотија ќе бидат замаглени со предупредување, со што корисниците ќе имаат можност да ги видат. Исто така, ќе добие опција за блокирање на испраќачите и евиденција на разговори.