Интегра – Македонска конзервативна партија е најновата партија која се појави на домашната политичка сцена.
На чело на партијата застана професор доктор Љупчо Ристовски, кој вели дека Интегра настанала како резултат на погрешните политики на актуелните партии и лидери.
Тој, за ТВ21 рече дека фокусот на неговата партија се парламентарните, а не претседателските избори. Ристовски додаде дека партијата е отворена за сите луѓе, но не сакаше да даде никаков коментар за Договорот од Преспа.