Македонија

Интерпелацијата на Џафери денеска пред пратениците

Денеска во салата „Борис Трајковски“ ќе се одржи седница за интерпелација на претседателот на Собранието, Талат Џафери. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Џафери по вулгарното обраќање на претседателот на Собранието кон собраниски службеници и откако ги заклучи пратениците од опозицијата во пленарната сала додека траеше поединечното изјаснување. Џафери писмено ги отфрли сите обвинувања на опозицијата и смета дека откако тој е претседател на Собранието се унапредени правата на собраниските службеници. Седницата е закажана за во 11 часот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни