Македонија

Инцидент во болницата „8-ми септември“, вооружени се заканувале на докторка – приведени две лица

Денеска се приведени две лица кои дошле во ГОБ „8-ми септември“ и барале да се земе телото на нивната блиска роднина која починала од коронавирус со цел да го однесат на обдукција.

Откако надлежните во болницата им посочиле дека во протоколите за обдукција се предвидува чекање од 2 часа, а потоа со погребно возило телото ќе биде префрлено на патологија, роднините на починатата започнале да се закануваат со оружје кон докторка.

Од МВР го потврдуваат инцидентот без дополнителни информации.

Полициски службеници се на терен, а против приведените ќе бидат поднесени соодветни пријави.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни