Припадник на гардата на кралицата пред лондонската кула соборил дете кое му пречело на подот, а снимката од инцидентот веднаш се проширила на интернет.
На видеото направено претходно пред лондонската кула се гледа како група туристи фотографираат двајца чувари со нивните свечени капи од кожа од мечки додека маршираат низ теренот.
Меѓутоа, само неколку секунди подоцна на патот на еден од војниците му застанало дете на кое веднаш му викнал: „Бегај!“.
Но, една секунда подоцна чуварот го соборил детето на под и го прегазил додека поминувал покрај туристите.
Од Министерството за одбрана го потврдија инцидентот.
- Свесни сме за инцидентот што се случи денеска при рутинска патрола. Стражарите ги предупредиле граѓаните дека се приближува патрола, но детето за жал неочекувано истрчало пред војникот. Војникот се обидел да го прегази детето и продолжил со својата должност. По инцидентот, војникот го проверил детето и се уверил дека се е во ред – соопшти Министерството за одбрана, пишува Дејли мејл.
Гардата на кралицата е задолжена за заштита на официјалните кралски резиденции низ Обединетото Кралство. Тие се познати по своите препознатливи црвени туники и капи од мечкина кожа, но во текот на есенските и зимските месеци наместо туники носат долги сиви палта.
@comedygeniuses Ouch… #Queensguards #marching #army #thequeen #comedygeniuses #fyp
♬ original sound – Kallum
