Инцидент во скопско село: Две лица му нанеле убодни рани на 21-годишно момче

На 14.10.2025 околу 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор на основно училиште во с.Св.Петка, скопско, Ф.Љ.(21) од истото село бил физички нападнат од И.Р. и М.Р., при што И.Р. употребил метален предмет, додека М.Р. со остар предмет му нанел убодни рани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.