Иранската нуклеарна регулаторна агенција потврди дека хакерите успеале да добијат пристап до електронскиот систем на нуклеарната централа Бушер, јави ДПА.
Регулаторот, Организацијата за нуклеарна енергија на Иран, појасни дека е загрозена е-поштата, но додаде дека нема докази дека се украдени доверливи документи. Организацијата соопшти дека зад сајбер нападот стои „одредена страна“, но не го именуваше, пренесе агенцијата ИСНА. Не беа објавени повеќе детали.
Иран ги обвини Израел и САД за претходните сајбер напади врз цели на негова територија.
Пред објавувањето на нуклеарниот регулатор, иранска хакерска група која себеси се нарекува Black Reward ја презеде одговорноста за нападот врз нуклеарната централа Бушер. Таа посочи дека во замена за содржината украдена од системот за е-пошта, сака ослободување на луѓето приведени за време на масовните антивладини протести во Иран. Групата рече дека информациите што ги добила се поврзани со улогата на Русија во фабриката.
АЕЦ Бушер е заеднички проект на Иран и Русија. Иранските власти тврдат дека централата е изградена за цивилни потреби и дека нејзината главна цел е да обезбеди електрична енергија за двете јужни ирански провинции Бушер и Фарс.