Исчезна 2-годишно девојче во Србија

Двегодишното девојче Дуња Марковиќ (2) исчезна денеска околу 14 часот во Уб, Србија.

Полицијата го активираше системот „Пронајди ме“.

„На 03.03.2025 година околу 14:00 часот во Уб исчезна девојче на возраст од 2 години. Повеќе информации на pronađime.mup.gov.rs. Сите информации пријавете ги на 192“, се наведува во СМС-пораката што им беше испратена на сите граѓани на Србија.

Исчезнатото девојче има кафеава коса, кафени очи и високо е околу еден метар. Во моментот на исчезнувањето носело сива тренерка и сив дуксер. Како место на исчезнување е наведена улицата „8 Март“.

„Телеграф“ пишува дека во моментот на исчезнувањето била со своите постари браќа – момчиња кои одат во прво и второ одделение. Наводно, нејзиното исчезнување го забележала мајката кога се вратила од работа околу 17 часот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното