Исчистете го домот со газирани пијалаци на 10 едноставни начини

Како што имаат штетно дејство врз вашиот организам, така газираните пијалаци можат да ѝ наштетат и на нечистотијата во вашиот дом. Еве како можете да ја употребите за чистење.

1. Отстранете ги масните дамки од ткаенините. Ставете газиран пијалак на мрсната дамка и оставете да отстои така 5 минути пред да ја исперете со чиста вода.

2. Отстранете ја ’рѓата. Едноставно налејте газиран пијалак врз површината која сакате да ја исчистите, оставете да стои така неколку минути и избришете.

3. Отстранување на маснотиите од рерната. Доволно е да отстои 10 минути пред да ја избришете со чиста крпа.

4. Исчистете ги загорените садови. Ставете во нив газиран пијалак и по десет минути тие се спремни за миење.

5. Полирајте ги металните површини. Намокрете ја крпата со нешто газирано и со тоа можете да истриете сè што е метално по дома.

6. Отстранете ги гумите за џвакање од косата или од некоја ткаенина.Намокрете го местото со газиран сок и оставете да отстои 5 минути пред да се обидете да ја извадите гумата за џвакање.

7. Отстранете ги дамките од фломастер на тепихот. Намокрете ја дамката со газиран пијалак 5 минути пред да почнете со перење.

8. Исчистете ја ВЦ шолјата. Налејте газиран пијалак во ВЦ шолјата и оставете да отстои 10 минути пред да пуштите вода, исто како и кај секое друго средство.

9. Отстранете ги дамките од крв. Намокрете и оставете да отстои околу 5 минути пред да почнете со перење.

10. Ја отстранува нечистотијата од фугата. Фугата е она што се става помеѓу плочките, а ако сакате брзо и лесно да ја исчистите од нечистотијата, налејте малку газиран сон на неа околу пет минути пред да почнете со чистење.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното