ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЌТА НА ДЕНЕШНИОТ ДЕН И ИСПОЛНЕТЕ ГИ СИТЕ ВАШИ ЖЕЛБИ: Изговорете ги овие реченици и внесете среќа и изобилство во вашиот живот

Денеска е 11 јануари, кој е особено важен ден во нумерологијата бидејќи содржи магична низа од 111. Се состои од три единици, но и два броја – 1 и 11. Единицата претставува независност и мотивација, означува нови почетоци и дава одлични шанси да се оди напред за да се постигне успех. Кога станува збор за три единици, тоа е три пати поголема од енергијата од бројот 1.

Од друга страна, бројот 11 е моќен и укажува на мисиите на вашата душа и животна цел. Кога ќе го видите бројот 111, постои голема шанса да привлечете изобилство и благосостојба во вашиот живот, а она за што постојано размислувате да се оствари. Затоа, денес е идеален ден да ги дефинирате вашите желби и цели, а афирмациите ќе ви помогнат да ги постигнете.

Кажете ги неколку пати во текот на денот и верувајте со целото срце во остварувањето на вашите соништа:

  • Што и да посакам, се оствари!
  • Каква желба и да имам, да ми се исполни!
  • Можам да ја манифестирам мојата реалност и да исполнам се што сакам!
  • Јас сум моќна личност: Можам да ги остварам сите мои желби!
  • Мислам на успех, љубов и изобилство; а благородноста секогаш ме води низ животот.
  • Секој ден сум сигурен/сигурна дека моите желби се остваруваат и дека моите цели ќе бидат остварени наскоро!
  • Ме чека изобилство затоа што го заслужувам тоа!