Македонија

Ислам Абази ја презеде функцијата од Вилма Рускоска, порекнува дека има блиски релации со функционери од ДУИ

Ислам Абази ја презеде функцијата од Вилма Рускоска, порекнува дека има блиски релации со функционери од ДУИ

Новиот шеф на ОЈО за организиран криминал и корупција Ислам Абази денеска даде свечена заклетва пред советот за јавни обвинители со која вети дека чесно и професионално ќе ја извршува функцијата, објави Телма.

Од таму замина во обвинителството каде како што најави прво што ќе направи ќе побара информација за тоа до каде се сработени предметите откако имаше прва средба со неговата претходничка Вилма Русковска, на која пристигна со кафе и букет.

Во изјава за медиумите повторно тврдеше дека нема блиски релации со функционери од ДУИ и дека сликите кои се појавија во јавноста се од свадби и случајни средби кои нема никако да влијаат врз неговата работа да гони организиран криминал.

Извор: Телма

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни