Свет

Исламистичка група одговорна за нападите во Шри Ланка

Зад организираните напади на цркви и хотели во Шри Ланка, во кои загинаа блиску 300 лица, стои екстремистичката група Нешенел Товид Џамат, објавија од Владата на Шри Ланка.
Во текот на вчерашниот ден одекнаа осум експлозии во цркви и хотели. Властите наскоро ќе прогласат вонредна ситуација.

Портпаролот на Владата изјави дека зад екстремистичката група стои меѓународна мрежа, со помош на која се изведени нападите.

Веќе се уапсени повеќе од 20 лица кои се вмешани во терористичкиот напад. Се претпоставува дека нападите се извршени со бомбаши-самоубијци.

The post Исламистичка група одговорна за нападите во Шри Ланка appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни