Во живо Отворено студио Избори Србија 2026 Гледај
Свет

Исламска држава повикува на напади во Европа

Исламска држава повикува на напади во Европа

Терористичката група Исламска држава ги повика своите борци да се одмаздат за атентатот на нивните лидери и да ја искористат руската инвазија на Украина за да ја нападнат Европа.

Новиот портпарол на терористите Абу Омар ал-Мухаџир повика на одмазда за смртта на Абу Ибрахим ал-Хашими ал Курајш и шеикот ал-Мухаџир Абу Хамза ал Кураш во аудио порака на мрежата Телеграм доцна во неделата.

Мухаџир ги повика џихадистите да ги обноват нападите врз Европа за време на руската инвазија, изразувајќи надеж дека конфликтот нема да престане додека „крстоносците не изгорат и нивните територии не се распаднат“.

„До сите лавови на калифатот и борците на Исламската држава насекаде… Ако нападнете, нападнете силно за да предизвикате болка и тероризирате“, рече портпаролот.

Исламската држава ја потврди смртта на својот поранешен лидер Ал Курајши во март и назначи нов лидер Абу ал Хасан ал Хашими.

Абу Ибрахим ал Курајш беше убиен на почетокот на февруари во американската акција во северозападна Сирија. Тој стана лидер на Исламската држава по смртта на Абу Бакр ал-Багдади, долгогодишниот лидер, во октомври 2019 година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни