Историски ден за Република Северна Македонија – во Брисел започнува првата меѓувладина конференција меѓу Скопје и Европската Унија.
Конференцијата е почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ.
Македонската делегација ќе ја предводи премиерот Димитар Ковачевски.
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски коментира дека форумот во Брисел ќе биде само формалност.
За да започнат суштински преговори, Северна Македонија мора да направи измени во својот устав на барање на Бугарија, но тоа не може да се направи без квалификувано двотретинско мнозинство во парламентот.