Македонија

ИСТРАГА ЗА ВОДАТА ВО ГОСТИВАР: Обвинителството во координација со ИЈЗ, утре пристигнуваат клучните резултати

ИСТРАГА ЗА ВОДАТА ВО ГОСТИВАР: Обвинителството во координација со ИЈЗ, утре пристигнуваат клучните резултати

Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), каде по официјална наредба на јавен обвинител во тек се детални лабораториски анализи и испитувања на квалитетот на примероците земени од гостиварскиот водовод. Според најавите, финалните резултати од безбедноста на водата треба да бидат готови во текот на утрешниот ден.

​Веднаш по изготвувањето, наодите ќе бидат доставени до надлежните обвинители, кои врз основа на добиените медицински и токсиколошки параметри ќе ја донесат одлуката за понатамошниот тек на истражната постапка, по што јавноста ќе биде детално информирана.

​Како дел од безбедносните мерки за заштита на истрагата и спречување на какво било можно влијание или контаминација, по наредба на јавниот обвинител, изворите и клучната локација на водоводниот систем во Вруток и натаму се под строгово полициско обезбедување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни