Италијанскиот одбојкар 13 години мислел дека во врска со Алесандро Амброзио – дал 700.000 евра за лага

Роберто Кацанига (42), поранешен италијански одбојкарски репрезентативец, со години мислел дека е во врска со бразилскиот модел Алесандро Амбросио (40), која моментално е во врска со Ричард Ли. Поточно, тој веруваше во тоа во последните 13 години!

За работите да бидат поневеројатни, тие никогаш не се ни запознале, а тој потрошил дури 700.000 евра за неа. Подоцна се покажа дека Алесандра всушност била 50-годишна Маја. Според Роберт, пријател му дал телефонски број кој наводно припаѓал на жена која сакала да го запознае. Таа тогаш му признала дека името е псевдоним и дека таа е всушност Алесандра.

“Не, никогаш не се видовме. Таа секогаш имаше илјада изговори, како болест или работа. Но, јас сепак се заљубив во тој глас, па повик до повик. Контактиравме само преку мобилен, речиси секој ден”, рекол Роберто.

Тој кажа и дека позајмил пари од роднини, семејство, пријатели… Потоа открил дека зад измамата стојат три лица, а соиграчите го опишале како интровертен и наивен и дека всушност се сомневале во измамата и го пријавиле случајот во полицијата, која извршила увид.