Претседателот на Собранието Јован Митревски за 15 часот закажа итна седница на Собранието на која ќе се продолжува рокот на важноста на возачките дозволи.
„Ве информирам дека претседателот Митрески ја закажа седницата на која ќе се разгледува Предлог на закон за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, за денеска со почеток во 15 часот“, информираа од кабинетот на претседателот на Собранието.
Инаку во моментов на 270 илјади граѓани низ Македонија имаат неважечки лични карти.
Порано денеска претседателот на државата откри дека важноста на возачките дозволи ќе се продолжи за 10 месеци.
„Можам да ве информирам дека сите пратенички групи безмалку сите дадоа поддршка, денеска во 17 или 18 часот е закажана седница на парламентот колку што јас знам, на која ќе се донесе измена на законот за возачки дозволи со која ќе се продолжи рокот за важење во внатрешноста на државата. Мислам дека во законот ќе стои 10 месеци плус, треба да се сменат во тие 10 следни месеци околу 270 илјади возачки дозволи и тоа е изводливо“, изјави Пендаровски.
ВИДЕО Пендаровски: Возачките дозволи ќе важат уште 10 месеци