Ивана Петерс итно хоспитализирана

Познатата пејачка Ивана Петерс во неделата била итно хоспитализирана поради напад на жолчка.

Таа била задржана во болница и оперирана.

„Во неделата отиде на доктор бидејќи имаше силни болки во пределот на жолчката, но немаше тешки компликации. Во вторникот ја оперираа, жолчката и е извадена и неколку камчиња. Се е направено лапараскопски, но мораше да биде со целосна анестезија поради проблемите кои ги има со срцето. Не се исплаши, операцијата помина супер, во средата веќе беше дома“, вели извор за Пинк.рс.