Најпознатиот српски хармоникаш Аца Софронијевиќ во емисијата „Пулс Србија“ зборуваше околу своите успеси во кариерата, за разните пејачи и пејачки од домашната естрадна сцена, но и за познанството со Ивица Дачиќ, со кој се сретнал на неколку прослави каде бил ангажиран.
Првиот човек на СПС не крие дека омилен пејач му е Софронијевиќ, а по ова тој со посебни зборови говореше за Дачиќ и неговите вокални способности.
„Повеќе пати бевме заедно, знам дека тој ја сака музиката и секој пат се поубаво пее. Не сме се виделе долго, но секој пат кога ќе се сретнеме, дури и на некои свадби каде беше гостин, баш убаво се дружевме и секој пат кога и да пее – тпј звучи се подобро“, објасни Софронијевиќ.
Тој додаде дека е доказ дека пеењето е акумулативен спорт во кој колку повеќе пееш, толку подобро пееш.
„Ивица нека продолжи само така, можеби ќе го доведеме во студио за да сними песна, се надевам“, искоментира низ смеа Аца.
