Македонија

ИВЗ ги замрзнува барањата до Владата, Османи: Ќе разговараме со ИВЗ, но не за нивните теми

Привремено ќе ги замрзнат барањата наменети за Владата. Вакво нешто најавија претставниците на ИВЗ на неформалната средба со новинарите, додавајќи дека не сакаат во предизборието нивните барања да се користат за политички цели. Велат изградбата на минарето на џамијата во Охрид ќе продолжи.

-Во овој случај, ги потсетуваме на проблемите на Јени Џамијата во Битола, и состојбата во село Лажец, каде веќе 100 години не се дозволува изградба на џамија, иако станува збор за мултинационално и мултирелигиозно село, со еднаков број на муслимани и христијани. Во селото има две цркви. За случајот на Лажец, се известени и ОН-соопштуваат од ИВЗ.

И покрај обидите, не успеавме да добиеме одговор од општината Охрид.  Вицепремиерот Бујар Османи, вели дека ќе се сретнат со претставниците на ИВЗ, но нема да разговараат за темите кои ги имаат со Владата.

-Мислам дека кон исламските верска заедница треба да пристапиме повнимателно поради нивните и принципите на Владата. Мислам дека е добра идеја – во контекст на изнаоѓање решенија да има средба и со нив. Мислам дека може да се организира средба со верските заедници, но на нив да стане збор за решенија, а не за теми кои ги имаат со Владата.-вели Османи.

Од ИВЗ велат дека голем број од нивниот имот талка низ судските лавиринти и речиси половина од имотот не им е вратен. Тие имаат вкупно 350 барања за денационализација или над 4 милиони квадратни метри земјиште и 42 илјади квадратни метри објекти. Од ИВЗ настојуваат дека имотот околу Основниот суд Скопје 1 и 2, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Пивара „Скопје“, МАНУ, Народна Банка, и МВР е нивно наследство.

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни