Избегнувајте ги овие опции за вечера ако сакате да ослабете и да го намалите хроничното воспаление

Со доаѓањето на постудените денови и порано настапувањето на вечерите, многумина по работа се радуваат на топол и заситен оброк. Вечерата за многумина е момент на опуштање и уживање, но она што го јадеме неколку часа пред спиење може значително да влијае на нашето здравје. Бидејќи ноќта варењето се забавува, некои омилени оброци можат да предизвикаат воспаленија, подуеност и зголемување на телесната тежина, предупредува нутриционистката Кезија Џој во разговор за SheFinds.

Џој издвојува четири вообичаени јадења кои, според нејзините зборови, е најдобро да се избегнуваат навечер.

Пржено пилешко

Крцкаво и мирисно пржено пилешко е омилен брз оброк за многумина, но ако се консумира често, може негативно да влијае на здравјето.

„Пржено или пане месо често се приготвува во растителни масла богати со омега-6 масни киселини, кои придонесуваат за воспаленија кога се консумираат во прекумерни количини“, нагласува д-р Џој.

Запечени јадења со сирење или павлака

Запечена паста, компири или лазанја се омилен „утешен оброк“ за многумина, но зад нивниот богат вкус често се крие голема количина заситени масти, сол и рафинирани јаглехидрати. „Тоа е утешна храна, но тоа генерално значи големи количини заситени масти, павлака и натриум“, објаснува д-р Џој.

Таа додава дека овие јадења се богати со млечни производи, што може да предизвика воспаление кај лица чувствителни на лактоза или казеин.

„Комбинацијата на бели јаглехидрати и дополнителни калории од сосови на база на павлака исто така може да доведе до складирање на масти. Со текот на времето, овој начин на исхрана може да предизвика хронично воспаление и да го отежни одржувањето на посакуваната телесна тежина.“

Пица со преработени додатоци

Пицата е практичен и брз оброк, но во својата класична верзија често содржи воспалителни состојки. „Обична пица содржи неколку воспалителни состојки: рафинирано брашно во тестото, заситени масти во сирењето и преработено месо како главни додатоци, како феферони или колбаси“, истакнува нутриционистката.

Таквите комбинации се богати со натриум и конзерванси кои предизвикуваат задржување на вода и подуеност. Таа предупредува дека „честото јадење пица може да го наруши хормоналниот баланс и да го зголеми нивото на воспаление во телото“. Затоа, наместо класична пица, препорачува поздрави верзии со тесто од цели зрна и свеж зеленчук наместо преработени месни додатоци.

Јадења од бела паста

Иако пастата е брз и вкусен оброк, таа подготвена од бело, преработено пченично брашно ја губи поголемиот дел од хранливите материи и влакна.

„Преработените јаглехидрати како белата паста и оризот се лишени од влакна и есенцијални хранливи материи, што предизвикува скокови на шеќерот во крвта и нагли осцилации на инсулин“, објаснува Џој.

Овие процеси, додава таа, долгорочно предизвикуваат складирање на масти, особено во пределот на стомакот, и го нарушуваат балансот на цревната флора. „Овие намирници не содржат противвоспалителни антиоксиданти и влакна потребни за намалување на воспалението. Редовното консумирање може да предизвика воспалителен одговор поради кој телото тешко ги согорува мастите правилно.“