Дали сте знаеле дека маслото од чајно дрво е многу здраво за хигиената во усната шуплина? Ова драгоцено масло ги регенерира и зајакнува непцата, ја намалува количината на забните наслаги, спречува кариес, ја отстранува храната помеѓу забите и непцата и го чисти јазикот.
Со редовна употреба забите може да се избелат за 1-2 нијанси, и тоа на потполно природен начин.
Постапка:
- Првиот пат измијте ги забите на вообичаениот начин.
- Потоа измијте ја четката и на неа ставете неколку капки од ова етерично масло.
- Измијте ги забите по вторпат.
- Исплакнете ја устата со вода.
- После оваа процедура, забите ќе ви бидат многу чисти, а во устата ќе чувствувате свежина. Повторувајте ја постапката 2-3 пати неделно. После еден месец ќе забележите значителна разлика. Забите ќе ви постанат забележително побели.
Напомена: Пред купување на маслото, обрнете внимание на неговиот квалитет, односно проверете да не е разредено со нешто друго.