Пожар избувна во кругот на Цементарница Усје во Кисела Вода, потврдија од Противпожарната бригада на Скопје.
Командирот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Ѕвонко Томески изјави дека интервенцијата е во тек. На терен се испратени две возила и девет пожарникари.
Пожарот е пријавен околу 12 часот, а причина за пожарот најверојатно е дефект на електрична инсталација.