Македонија

„Избори оваа есен е најдобра опција“, смета градоначалникот на Тетово Билал Касами

„Избори оваа есен е најдобра опција“, смета градоначалникот на Тетово Билал Касами

Дали недобивањето на зелено светло за старт на преговори со ЕУ во јуни ќе биде дополнителна причина да се оди на предвремени парламентарни избори на есен? На оваа тема согласен е тетовскиот градоначалник Билал Касами кој вечерва во емисијата Клик Плус на ТВ21 рече дека тоа е најдобра опција.

„За да се стави крај на политичката криза најдобро е оваа есен да има избори“, рече Касами.

Запрашан за потенцијалната влада, односно формирање на идна влада, за тоа кој од македонските политички партии е поблизок или по реален за Касами, тој рече дека не е битно кој ќе биде на другата страна.

„Тоа се докажа и со нашата коалиција со СДСМ од која излеговме кога видовме дека нашите барања не се исполнуваат, ние сме единствените кои од позиција на власт гласавме за рушење на истата. Ние имаме свои принципи и барања, одговорности и ветувања спрема албанскиот народ, и ние полагаме одговорност кон Албанците, која од партиите од македонска страна ќе биде на другата страна не е битно, се додека се исполнуваат нашите цели. Тој додаде дека редовно е во комуникација со Мицкоски со оглед на нивната коалиција и соработка на локално ниво“, рече Касами

Тој додаде дека идната влада ќе ја има можноста и капацитетот за решавање на сите проблеми вклучувајќи и спорот со Бугарија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни