Големите десничарски и левичарски блокови во Европскиот Парламент го загубија нивното комбинирано мнозинство. Од друга страна изборите покажаа голема поддршка за либералите, зелените и националистите.
Европската народна партија, останува најголемиот блок и се очекува да формира проевропска коалиција. Либералите и зелените, имаа добар резултат, додека националистите очекуваат да го потврдат триумфот во Италија и Франција. Популистите освоија терен во неколку земји, но нивниот напредок беше од невидени размери.
Во Британија се прават подготовки за излегување од блокот, а гласот практично беше казна за конзервативците на власт. Партијата освои најмалку гласови во речиси 200 години, освојувајќи само 8.8%. Од друга страна пак, новоформираната партија „Брегзит“, тврди дека понела голема победа. Пораз претрпеа лабуристите, додека либерал-демократите забележаа доста добар резултат.
Аналитичарите велат дека ЕПП може да формира голема коалиција со социјалистите и демократите, а да добие поддршка и од либералите и зелените.
Триумфот на националистите, особено во Италија и Франција им даде дополнителна причина на евро-скептичните да бараат намалување на моќта на ЕУ. Матео Салвини работеше на формирање алијанса од најмалку 12 партии, а неговата политичка сила беше дополнителен мотив за да обезбеди 30% од гласовите, како што покажуваат прелиминарните резултати.
РЕПОРТЕРКА: АФРОРА ГАРА
The post Избори за Европски Парламент – победија партиите „про“ ЕУ appeared first on ТВ21.