Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши во емисијата Изборни дебати, посветена на парламентарните избори, не спомна ниту три капитални проекти што ќе ги реализира коалицијата Алијанса/Алтернатива доколку добијат мандат за следните 4 години.
Африм Гаши: „Ние имаме проблем со водовод и канализација во повеќето албански градови“.
Фатмир Алиу: Кажи ми какви планови имате?
Африм Гаши: „Ви велам, 500 милиони евра за 4 години за развој на инфраструктурата, тоа е прво“.
Фатмир Алиу: Развој на инфраструктурата, каде, што, како, бидејќи инфраструктурен развој и треба на цела Македонија. Затоа ве прашувам три конкретни проекти, зборувате за промена, но што?
Африм Гаши: „Ова е првиот проект, мислам дека е доволно јасно, ако не ви е јасно ќе треба да навлеземе во детали од програмата или да дојдат економски експерти и да ви објаснат во детали. Ви кажувам дека нашата намера е за 4 години да ги решиме проблемите со инфраструктурата. Канализација, водовод, асфалтирање, осветлување, да се завршат за 4 години“.
За првиот премиер Албанец, Гаши рече дека во моментов на земјава не и треба такво нешто.
Африм Гаши: „Не мислиме дека треба во овој момент“.
Фатмир Алиу: Вие мислите дека на Македонија не и треба премиер Албанец?
Африм Гаши: „Во овој момент, во 2020 Албанците имаат…“
Ф.А.: А зошто и треба во иднина?
Африм Гаши: „Во иднина кога ќе се постигне еднаквост во земјава“.
Ф.А.: Дали мислите дека од позиција на шеф на владата можете да ги средите овие работи?
Африм Гаши: Не
Алиу: Не! Вие како премиер не можете да ги средите сите овие работи за кои зборувавме вечерва?
Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши зборуваше и за државниот буџет, за потребата од независно судство и изрази убеденост дека на овие избори ќе победи. Исто така зборуваше и за несогласувањата меѓу Движење Беса и Алтернатива велејќи дека им е нанесена неправда. На ТВ21 во емисијата Изборни дебати посветена на предвремените парламентарни избори, во текот на целата оваа недела ќе гостуваат лидерите на политичките партии.
.