Македонија

Изборот на новите министри на денешната 75. седница на Собранието

Изборот на новите министри на денешната 75. седница на Собранието

Собранието на Македонија денеска ја одржува својата 75-та седница на која во фокусот се кадровските промени во владиниот кабинет.

Главните точки се однесуваат на изборот на нови министри по локалните избори, при што е предложено разрешување на Орхан Муртезани од функцијата министер за европски прашања, а на негово место е предложен Беким Сали.

Истовремено, за нов министер за животна средина е предложен Муамет Хоџа, кој доаѓа на позицијата на Изет Меџити откако тој стана градоначалник на Општина Чаир.

Покрај изборот на нови членови на Владата, пратениците ќе расправаат и за повеќе значајни законски решенија и договори.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни