Македонија

Изгаснат еден крак од шумскиот пожар над Теарце – се следи состојбата

Изгаснат еден крак од шумскиот пожар над Теарце – се следи состојбата

Денеска, 08.01.2023 година, Регионалниот ЦУК Тетово, во врска со вчерашниот шумски пожар над с. Теарце во Националниот парк „Шар Планина“, Тетовско, информира дека во 15:15 часот е стапено во контакт со директорот на Националниот парк, кој бил на лице место со 8 вработени од Паркот од утрово, кога појдоа од с.Теарце, Општина Теарце кон пожарот каде што од вчера гори букова шума и пасиште.

Од вчера до денеска има изгорено околу седум до девет хектари површина, а како резултат на воздушниот притисок чадот се спушта надолу и истиот им создавал големи проблеми во дишењето на вработените и заради тоа тие биле повлечени. По кординација со директорот на ДЗС Скопје и Директорот на Национален парк „Шар Планина“, авион од ДЗС учествувал сo дејствување на една од страните на пожарот, но само со еден налет согласно условите на терен и се вратил во базата во Скопје. Одлучено е да се сочека до утре да се види дали ќе има потреба или не со оглед на ниските температури во ноќта и можноста да се самоизгасне.

Потоа, во 16:25 часот е стапено во контакт со ренџерот што го пријавил вчерашниот пожар и тој извести дека екипата се повлекува во с.Теарце бидејќи почнува да се стемнува, а патот е непристапен за движење, бидејќи до местото на пожарот се пешачи два часа.

Тој потврдил дека пожарот на една од страните е изгаснат во целост, а од другата страна не се можело да се дејствува, бидејќи се намалила видливоста – се стемнувало, па затоа пожарот на тој крак е се уште активен, но со помал интезитет од вчера.

Ако пожарот, што е на стивнување, не се самоизгасне вечерва, утре после утринското извидување е планирано повторно да се оди на терен со цел пожарот да се доизгасне. Состојбата континуирано се следи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни