Пратениците на владејачкото мнозинство го бранеа пренамената на парите на Буџетот, велат дека оваа влада работи домаќински, а парите се насочуваат во покачување на платите, за поврат на ДДВ, во заштита на Охридското езеро, во здравството, земјоделството, и други сектори. Но опозицијата критикуваше дека се кратат парите од капитални инвестиции и се префрлаат за тековни расходи. Слаѓана Митовска од ВМРО-ДПМНЕсо став дека со ваквиот ребаланс нема да има европска иднина, на што Костадин Костадинов одговори дека опозицијата го опструира патот кон ЕУ и притоа запраша зошто се против зголемување на платите.
Ребалансот на буџетот беше изгласан со 56 гласови за и 22 против со кој според Владата се врши алоцирање на средства онаму каде што ќе има најголема ефикасност и каде што може да се постигнат поголеми ефекти, потоа за повеќе пари кај граѓаните и силна финансиска поддршка за бизнисот за отворање нови работни места и исплата на повисоки плати. Со ребалансот има намалување на приходната и расходната страна за 0,5 проценти, односно за 1,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит се задржува на 2,7 насто, а се ревидира проекцијата за економскиот раст на 2,8 проценти.
