Македонија

Изгоре автобус на ЈСП во скопско Грушино

На 22.10.2019 година во 13.00 часот во Полициското одделение Арачиново, Р.Б. (33) од Скопје пријавил дека додека управувал автобус „ЛАЗ“, сопственост на ЈСП со бр.55-В, на релација Скопје – с.Арачиново – с.Грушино, во кој имало патници, настанал пожар во делот кај моторот. Патниците безбедно се симнале од автобусот, била повикана екипа од Бригадата за противпожарна заштита, која го локализирала пожарот, а автобусот бил целосно опожарен.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни