ИЗГУБЕН ВО ПЛАНИНА – Спасители го барале, тој намерно ги игнорирал повиците, еве зошто!

Планинарот кој бил баран на планината Елберт, во Колорадо, ги игнорирал повиците на спасувачите бидејќи „не сака да одговара на непознати телефонски броеви“.

Кога не се вратил за 24 часа, тие започнале спасувачка мисија на 18 октомври, а првото нешто што спасувачите секогаш го прават во вакви ситуации е да го побараат лицето кое се води како исчезнато, но човекот не реагирал.

Како што се испоставило подоцна, видел како некој му се јавува, но не го препознал бројот на повикувачот, па не одговорил, пренесува Мирор.

Од Лејк Каунти велат дека потрагата ја започнале како и обично – повикувајќи го лицето по кое трагаат.

Спасувачите цел ден ја чешлале областа и не можеле да го најдат, за подоцна сам да се врати.

  • „Човекот рече дека се изгубил во текот на ноќта и ја барал трагата до утрото. На крајот ја најде патеката и се врати во својот автомобил следното утро“ – објавија спасувачите на нивниот Фејсбук профил.

Тие ги потсетуваат планинарите за тоа колку е важно да бидат достапни и да ги користат нивните мобилни уреди.

Планинарот немал поим дека спасувачите го бараат.

  • Ги игнорираше нашите повици бидејќи не го препозна бројот – соопштија од спасувачката служба.

Во Колорадо повеќето луѓе знаат како работат спасувачките тимови и дека наша работа е да им помогнеме доколку се најдат во неволја, но сепак има и такви кои изгледа не разбираат – соопшти спасувачката служба.