Македонија

Излетал од патот и удрил во дрва – детали за сообраќајката кај скопска обиколница

Тешка сообраќајна несреќа вчера се случи кај скопска обиколница, повредено едно лице.

Според информациите на полицијата вчера во 12.20 часот на автопатот „Мајка Тереза“ – Обиколница на Град Скопје, после клучка Стајковци, патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(33) од село Страчинци, скопско, излетало од патот и удрило во дрва.

Притоа, со повреди се здобил возачот на кого му била укажана лекарска помош во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни