Македонија

Изменет режим на сообраќај во Кавадарци поради манифестацијата „Тиквешки гроздобер”

Изменет режим на сообраќај во Кавадарци поради манифестацијата „Тиквешки гроздобер”

Изменет режим на сообраќај ќе има викендов во Кавадарци, поради манифестацијата „Тиквешки гроздобер”, информираа попладнево од СВР Велес.

-Известуваме дека претстојниот викенд на подрачјето на Кавадарци, по две години пауза ќе се одржи традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер 2022“. Манифестацијата ќе се отвори денеска, а ќе се одвива три дена заклучно со недела на градскиот плоштад и на малиот „Плоштад на Револуцијата“. МВР на РСМ и општината Кавадарци ги преземаат сите мерки за манифестацијата да помине без проблеми и без нарушувања на јавниот ред и мир, соопштија од СВР Велес.

Поради големиот број културни настани, особено во централното градско подрачје, полицијата информираше дека ќе има измени во режимот на сообраќајот, а движењето на возила ќе се пренасочува по заобиколните улици.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни