Израелските сили убиле двајца Палестинци во Појасот Газа

Двајца Палестинци се убиени, а 240 се повредени кога израелските сили во саботата отвориле оган во текот на протестот по повод Денот на земјата во Појасот Газа.

Во соопштението од Министерството  за здравство на Палестина се наведува дека источно од градот Газа се убиени 17-годишниот Нидал Сакр и 20-годишниот Џихад Саад, додека 46 демонстранти заработија повреди, пренесува Анадолија.

Повеќе од 170 лица се погодени со солзавец, а меѓу повредените 13 се во тешка ситуација.

Околу 10.000 Палестинци се собраа денеска во близината на тампон зоната помеѓу Појасот Газа и Израел за да учествуваат на масовниот собир по повод првата годишнина од протестот против окупацијата и одбележување на 43-годишнината од Денот на земјата.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното