Во европскиот парламент штотуку заврши извештајот за Македонија за 2018 година во кој европските политичари искажаа дека нашата земја направила огромни чекори оваа година со имплементирање на договорот од Преспа, и порачаа на политичарите да продолжат со реформите, особено во безбедноста и атминистрацијата. Исто така повикаа опозицијата да се вклучи во процесот.
Најпрво се обрати известувачот од Македонија Иво Вајгл.
„Македонија направи важни реформи, и важни чекори кон ЕУ и НАТО. Прво тука е договорот од Преспа, уставните измени и земјата ја има поддршката да ги продолжи процесите понатаму. Да им се заблагодарам на еврокомесарот Хан и неговиот тим кои се залагаа за Македонија“, рече Вајгл.
Каролина Едштадлер исто така искажа поддршка и очекува спроведување на уште реформи.
„Ги поддржуваме промените кои ги направија, промени кои треба да донесат корист за граѓаните. Македонија има напредок во сите сектори, но Владата мора да работи уште да ги имплементира реформите во безбедноста и администрацијата, и во борбата против корупцијата. Од друга страна, пак, опозицијата останува и натаму ладна. Договорот со Бугарија, а потоа и со Грција покажува дека Владата на Македонија е подготвена да ги острани сите пречки на патот кон ЕУ и НАТО. “, рече Едштадлер.
Се обрати и еврокомесарот Јоханес Хан кој уште еднаш ја истакна поддршката на Македонија за процесот на уставни измени и прифаќање на договорот од Преспа, осносно промена на името.
„Од политичка криза, земјата има отворен пат кон ЕУ и НАТО. И се поради тој историски договор од Преспа. Парламентот да продолжи без пречки да ги спроведува реформите и да ги отвориме преговорите кон ЕУ“, изјави Хан.
Романскиот европарламентарец, пак, Виктор Боштинару даде поддршка за евроинграциите, но се осврна и на бегството на Груевски, и побара од унгарските власти веднаш да го вратат во МАкедонија.
„Давањето Азил на Груевски е голема грешка на Унгарија. Преседан е една земја членка на Европската Унија така да се однесува. Мислам дека европскиот парламент треба веднаш да реагира по ова прашање“, рече Боштинару.
Унгарските европарламентарци од партијата на Орбан, пак, се бранеа дека Унгарија ги почитувала сите процедури во издавањето азил.
