Свет

„Извитоперени историски дејства, предрасудите и стереотипите ќе ги отстраниме од учебниците“, рече Џафери

„Денеска, заедно со нашите соседи, преку заеднички комисии работиме на тоа да тие предрасуди, стереотипи и извитоперени историски дејства да ги отстраниме од учебниците и образовниот процес. Мислам дека ова ќе биде добро, не само за регионот туку и пошироко, а и тука националните парламенти може да имаат многу позитивен и конструктивен пристап. На овој начин, сите заедно даваме вистински придонес, образовниот процес на регионално ниво а и на  глобално ниво да биде тоа што ќе обединува и ќе биде  вистински браник пред најразличните појави на ваков или онаков радикализам“, рече Талат Цафери за време на обраќањето на 140. Собрание на Интерпарламентарната Унија на тема „Парламентите како платформи за зголемување на едукацијата за мир, безбедност и владеење на правото“.

The post „Извитоперени историски дејства, предрасудите и стереотипите ќе ги отстраниме од учебниците“, рече Џафери appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни